Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, рече дека соборувањето на рускиот воен авион „су-24“ во Сирија претставува сериозен инцидент, но додаде дека е рано да се донесуваат заклучоци.
– Невозможно е да се каже што било без да се имаат целосни информации – рече Песков.
Анкара соопшти дека рускиот авион е соборен во близина на сириската граница, откако, и покрај предупредувањата, го нарушил турскиот воздушен простор.
Руското министерство за одбрана тврди дека можат да докажат оти авионот не го нарушил турскиот воздушен простор.
Во меѓувреме, сириска бунтовничка на новинската агенција „Ројтерс“ ѝ доставила видеоснимка која го прикажува рускиот војник на земја, неподвижен и тешко повреден, а претставниците на бунтовниците тврдат дека е мртов.
#عاجل فديو توثيق مقتل #الطيار الروسي بعد سقوط #طائرته ✈ pic.twitter.com/ZlANuT9kFn
— قناة * السوري* الحر (@allsory_allhor) November 24, 2015
Видеоснимката го направила бунтовничка група од северозападот на Сирија, каде оперира Слободната сириска армија, но не е забележано присуство на Исламска држава.
Претставник на групата, кој одбил да биде именуван од безбедносни причини, рекол дека пилотот е мртов. Тој не го споменува другиот пилот, кој, исто така, бил во соборениот рускиот авион.
Руските медиуми јавуваат дека едниот пилот загинал, а другиот е заробен.