Економија Пешевски: Владата ќе преземе се, да не се наруши снабдувањето со нафтени...

Пешевски: Владата ќе преземе се, да не се наруши снабдувањето со нафтени деривати

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, преку Фејсбук-статус се произнесе за актуелната состојба со блокираната сметка на „Макпетрол“ и можната енергетска криза.

– Согласно Закон, треба да се обезбеди јавниот интерес и сите државни институции кои се вклучени во кривично-правниот процес треба да преземат легални чекори кои нема да го стават под прашање јавниот интерес, заштитувајќи ги интересите на граѓаните, како и интересите на акционерите и вработените во компанијата „Макпетрол“ – се вели во статусот на Пешевски.

Според него, потребно е и да се обезбедат услови за задоволување на јавниот интерес и од страна на операторот кој е предмет на процесот за утврдување на фактите.

– Владата во рамките на своите надлежности ќе го следи рзвојот на настаните и доколку е потребно ќе ги преземе сите неопходни чекори да не дојде до посериозно нарушување на балансот на снабдувањето со нафтени деривати и горива за транспорт на граѓаните на Македонија – пишува Пешевски на неговиот профил.