Свет Перу ја легализираше марихуаната за медицински цели

Перу ја легализираше марихуаната за медицински цели

Перу е последната држава во низа од Латинска Америка која дозволи употреба на марихуната во медицински цели, јавуваат светските медиуми.

За легализација на производството, увозот и за продажбата на марихуана гласале 67 пратеници во конгресот на Перу, додека пет биле против.

Претставнциите во конгресот што застанале зад оваа одлука, истакнале дека таа е донесена за унапредување на квалитетот на животот на илјадници пациенти.

Одлуката ја поддржал и претседателот на Перу, Педро Пабло Кучински.

Чиле и Колумбија исто така дозволија употреба на марихуната во медицински цели, а Уругвај во 2013 година стана првата држава во Латинска Америка која дозволи „рекреативна употреба“ на марихуаната.