„Тоа што е извештај на „Фридом хаус“ е перцепција, тоа не е на основа на факти или аргументи и на основа на одредени документи туку на основа на перцепција, која е создадена од нашите медиуми“, рече претседателот Ѓорге Иванов во вчерашното интервју на телевизија „Телма“ во емисијата „Топ-тема“.
Во текот на својот мандат, претседателот Иванов имаше неколку гафови како „разумен компромис“, „космодиск демократија“ и намигнувањето со претседателот на САД, Барак Обама, кои, исто така, беа забележани од корисниците на социјалните мрежи.
Оваа изјава, дека состојбата на медиумите во Македонија е „перцепција“, инспирираше низа коментари на социјалните мрежи.
Како пред 2 минути да беше 8:00, #перцепција
— Слаткар Бавчов (@ABavcov) June 18, 2015
Многу работи се прашање на #перцепција. Пример #хорхе мисли дека е Претседател!?
— Miroslav Sazdovski (@MirkoSlav) June 18, 2015
За Иванов слободата на медиуми е перцепција. И слободата на судството исто. За слободата на претседателот немаше прашање. Има #перцепција.
— ВиДана (@VidanaDeSign) June 18, 2015
Гласовите кои ги добил #Хорхе на избори се само перцепција креирана под влијание на дрогите мито, страв и притисок.
— Никола Спасов (@NikolasTweet) June 18, 2015
#Хорхе и режимот е перцепција! Пример од перцепција на Мијалков и #ж верувам дека е одлично.
— Kristina Ozimec (@ozimec333) June 18, 2015
Тишина Глува тишина Црна дупка #Хорхе
— Чорбаџи Ја (@CorbadziJa) June 18, 2015
#Хорхе прозборе и еве зима у Јуни месец….
— Митче (@MitkoBojmacalie) June 18, 2015
Времево вакво е вистинско или е перцепција? #хорхе го прашувам
— Borjan Jovanovski (@BorjanJovanovsk) June 18, 2015
ако го слушате #Хорхе ништо нема да слушнете
— БенКвик (@tkoleski) June 17, 2015
#Хорхе: Извештајот на Фридом Хаус е перцепција – Кежаровски уствари не беше во затвор, тоа е перцепција, халуцинација, надувани сте биле…
— Dimano (@dimanovski) June 17, 2015
Во недостаток на други хумористични емисии во Македонскиот етер и #Хорхе на #топтема не беше лоша емисија. Имаше за што да се изнасмеете.
— Toni Stojoski (@tonistojoski) June 17, 2015
#Хорхе како мал не го бањале туку го полевале… затоа сеа е ваков.
— Daniel Anastasoff (@algorit007) June 17, 2015
#хорхе дефинитивно е само за берење калинки ама и овој главниов уредник на телма нека оди да му ја држи гајбата
— GK #протестира (@KG_OhriT) June 17, 2015
Кои се ингеренциите на претседателот. Ајде кажете ми. Кои се? – #Хорхе Па ете што било проблемот, не знаел човекот.
— Ну Погоди! (@dac____) June 17, 2015
Фејсбук статуси
Тео Блажевски
ПЕРЦЕПЦИЈА
Имам мачна перцепција, дека еден лик што има лажна перцепција за себе дека е некаков претседател, ги мрази медиумите и новинарите, само затоа што има перцепција дека не го сакале, та воопшто не известувале за неговите бројни „државнички активности“. За тој лик кој се одзива на името Ѓорѓе, медиумите се сами виновни што се нашле во ваква ситуација.
Медиумската заедница во Македонија, безомразно се разбира, треба соодветно да реагира на ваквите „перцептивни“ ставови на ликот што има перцепција дека е претседател – веднаш!
Марјан Забрчанец
Затворањето на А1 и сестринските весници, апсењето на Кежаровски, куртон вестите на Сител во кои 7 од 10 прилози се нарачани од премиерот, гасењето струја заради прекин на програма во Канал 5, бркањето новинари од работа, заканите за бркање новинарки од МРТ, фашизмот и хомофобијата што се сеат преку Миленко, Вечер и компанија…
Се’ е тоа “ПЕРЦЕПЦИЈА”!
Но, не е перцепција, туку стварност дека човекот што на државна сметка дреме во претседателската вила на Водно, смета дека во потрагата по гласачи е нормално да гостува во емисии каде се спремаат бетонски плочи за демократските мислители и активисти.
Боби Илиевски
Со оглед на тоа што Хорхе се прогласи самиот себе за церемонјал мајстор подобро ке беше Маја да даде интервју,а, секако и поинтересно