Свет Балкан Пензионерите во Атина штрајкуваат

Пензионерите во Атина штрајкуваат

Повеќе од илјада грчки пензионери протестираа денска во центарот на Атина против мерките за штедење што се применуваат на барање на меѓународните кредитори. Синдикатот на работниците во јавниот сектор го закажа вториот генерален 24-часовен штрајк за 3 декември, пренесува „Ројтерс“.

Синдикатите на почетокот на ноември извадија на улица неколку илјади луѓе, што претставува најголем предизвик на домашен план за премиерот Алексис Ципрас откако во јануари дојде на таа позициција.

Владата во Атина го усвои законот со кој старосната граница за пензионирање се зголемува, се зголемува придонесот за здравствено осигурување и се укинуваат најголем дел од повластувањата за предвремено пензионирање.