Македонија Пендаровски-Вајгл: Советот на ЕУ да го препознае напредокот и да донесе одлука...

Пендаровски-Вајгл: Советот на ЕУ да го препознае напредокот и да донесе одлука за преговори

Претседателот Стево Пендаровски, денеска се сретна со Иво Вајгл, пратеник во Европскиот парламент и известувач за Република Северна Македонија во Европскиот парламент.

„На средбата беа разменети мислења за севкупната политичка состојба, тековниот реформски процес во контекст на интеграцијата на државата во Европската унија, како и за политичките состојби во Европската унија по одржаните избори за Европскиот парламент. Двајцата соговорници се согласија за потребата Советот на ЕУ да ги препознае напорите на Република Северна Македонија и напредокот на внатрешен и на надворешен план и да донесе одлука за почеток на пристапните преговори“, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

Пендаровски на пратеникот Вајгл, чиј мандат како пратеник во Европскиот парламент истекува на 1 јули, му посакал успех во неговиот иден ангажман. Вајгл изразил уверување дека неговата пријателска поддршка за државата ќе продолжи и во иднина.