Главна секција Пендаровски: „Рекет“ не е критериум за добивање датум за преговори

Пендаровски: „Рекет“ не е критериум за добивање датум за преговори

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на годишниот Амбасадорски совет кој годинава е посветен на европската перспектива на Македонија.

По октомври кога очекуваме датум за почнување на преговорите со Европската унија, рече претседателот Пендаровски, почнува и долг процес на работа.

„Дистрибуцијата на местата во Европскиот парламент е одлична за нас. Од 751 член, 506 се во групата проевропски сили. Таа поволна констелација мора да ја искористиме, бидејќи тоа се луѓе кои се наклонети на проширувањето на ЕУ и знаат колку е значајно за стабилноста на Западен Балкан“, рече претседателот.

Одговарајќи на новинарско прашање за случајот „Рекет“, претседателот изјави дека случајот „Рекет“ не е критериум за добивање на датум за почеток на преговори, а според сегашните реакции на надлежните институции, нема ни да биде.

„Во овој момент не е, моја проценка е, наша проценка е дека нема ни да биде до крајот на годината, бидејќи ова што досега го направија надлежните државни органи е соодветна реакција. Меѓутоа случајот очигледно е комплексен, да оставиме на надлежните органи да продолжат да го работат. Ако не продолжат со ова темпо, со ова широчина и длабочина со која почнаа досега, тоа  може да стане. Но, сега не е и нема да биде до октомври “, рече Пендаровски.