Македонија Пендаровски: Преговорите со НАТО ќе бидат рутински, подготвени сме за овој момент

Пендаровски: Преговорите со НАТО ќе бидат рутински, подготвени сме за овој момент

По повод стартот на завршната фаза од преговарачкиот процес со НАТО за членство во Алијансата, кој започна денеска во Брисел, националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски рече дека процесот ќе биде рутински, бидејќи во министерствата имаме способни луѓе кои си ја знаат својата работа.

„Имавме две сесии претпладне и две попладне, и така и во текот на утрешниот ден. Поминавме одлично. Сесиите беа брзи и ефективни затоа што Македонија е најдолго кандидат, кој чека 20 години. Тимовите дојдени овде од сите надлежни министерства и државни органи се подготвени многу одамна за ова. Само го чекавме моментот кој се случи во јули кога ја добивме поканата, да се отвори овој формален процес, оваа последна фаза, пред членство во НАТО“, изјави Пендароски.

Денеска, делегацијата на Владата предводена од заменик-претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со Пендаровски, ја отворија денешната сесија со помошник-генералниот секретар на НАТО, амбасадорот Александро Алваргонзалес, и со тимот на НАТО за преговори со Република Македонија.