Македонија Пендаровски: Издадов наредба армијата да интервенира во гаснењето на пожарите

Пендаровски: Издадов наредба армијата да интервенира во гаснењето на пожарите

Претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето на Илинден пред „Македониум“ во Крушево. Фото: Кабинет на претседателот, 2 август 2021

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски го информирал претседателот Стево Пендаровски за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево, соопштија од кабинетот на шефот на државата.

„Претседателот Пендаровски, како Врховен командант, во 16:30 часот издаде наредба за ангажман на Армијата со целосен капацитет. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани. Во текот на денот беа ангажирани околу 170 припадници на Армијата, а во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба“, се вели во соопштението