Македонија Пендаровски го осуди палењето на објектот на Културниот центар „Иван Михајлов“

Пендаровски го осуди палењето на објектот на Културниот центар „Иван Михајлов“

Фото: Кабинет на претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски го осуди палењето на објектот на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола кое се случи во раните утрински часови.

„Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Претседателот ги повика надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки за да се откријат и санкционираат сторителите.

Опожарен бугарскиот Културен центар во Битола, обвинителството издаде наредба за истрага