Хроника Патот Маврово – Дебар затворен поради сообраќајна несреќа

Патот Маврово – Дебар затворен поради сообраќајна несреќа

Попладнево од 16 часот е затворен регионалниот пат Маврово – Дебар кај местото Манастирски ливади и сообраќајот е во целосен прекин поради сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.

Во сообраќајката, во која се судриле два камиони со српски и со бугарски регистарски таблички, нема повредени лица, но причинета е голема материјална штета.

Камионите се движеле во спротивна насока и засега не се познати причините за несреќата.