Македонија Патниот правец Битола – Ресен затворен за сообраќај поради свлечиште

Патниот правец Битола – Ресен затворен за сообраќај поради свлечиште

Поради свлечиште, денеска повторно ќе биде затворен патниот правец Битола – Ресен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку Битола.

Општинскиот пат село Долни Полог –  село Облешево, пред Кочанска Река, е во прекин поради прекопан коловоз, каде е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода.

На патниот правец Марвинци – Балинци – Брајковци, под надвозникот кај клучката Марвинци, поради излевање на каналите има вода на коловозот. Од АМСМ препорачуваат користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има на Стража.