Економија Патничкиот и товарниот железнички сообраќај се во прекин, поради штрајк на работниците

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај се во прекин, поради штрајк на работниците

Железничкиот товарен и патнички сообраќај се во целосен прекин, бидејќи вработените штрајкуваат и си го бараат вториот дел од платите за октомври.

Вчера, од „МЖ-Транспорт“ информираа дека најпрво беше прекинат товарниот сообраќај, а патничкиот, од синоќа на полноќ.

Нема информација до кога возовите нема да сообраќаат и дали барањето на вработените ќе биде исполнето, што е услов за прекин на штрајкот.