Свет Европа Партијата на Тимошенко ја напушти владината коалиција во Украина

Партијата на Тимошенко ја напушти владината коалиција во Украина

Партијата Татковина, на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, денеска одлучи да се повлече од коалициската влада на Арсениј Јацењук, која станува сè понепопуларна во оваа земја.

Тимошенко ги повика другите политички сили во Украина да го направат истото.

Јацењук во вторник за малку избегна изгласување недоверба во парламентот. Претседателот Петро Порошенко ги повика Јацењук и јавниот обвинител Виктор Шокина да поднесат оставка поради серијата корупциски скандали, но ја отфрли можноста за предвремени парламентарни избори.