Македонија Партиите од коалицијата „За подобра Македонија“ потпишаа декларација за соработка

Партиите од коалицијата „За подобра Македонија“ потпишаа декларација за соработка

Партиите од коалицијата „За подобра Македонија“, денеска ја потпишаа декларацијата „Македонија 2020“, со која се обврзуваат за посветено работење и за реализирање на проектите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по потпишувањето на декларацијата истакна дека ќе работат во насока на сеопшт развој, свесни дека има уште да се работи и убедени дека идеите на државотворност и на одговорност се прифатени од граѓаните.

– Нашите ветувања тежат, а нашите зборови вредат. Сите заедно ќе помогнеме за подобра Македонија. Ние, членовите на коалицијата, се обврзуваме да ги штитиме интересите на македонскиот народ и интересите на етничките заедници – истакна Груевски.

Тој додаде дека и понатаму остануваат посветени на стратешките определби како економскиот пораст, отворањето на нови работни места, влезот на Македонија во ЕУ и во НАТО, унапредување на меѓуетничките односи, борбата со организиран криминал и корупција и инвестиции во секоја област.