Свет Парламентот во Тунис усвои нов антитерористички закон

Парламентот во Тунис усвои нов антитерористички закон

Парламентот во Тунис усвои нов антитерористички закон и покрај стравувањата од организациите за заштита на човековите права дека тој би можел да биде злоупотребен и да претставува закана за демократијата во оваа земја.

Со законот е заменет претходниот правен акт од 2003 година, а негова цел е олеснување на напорите во борбата против тероризмот.

Пратениците со 174 гласа го усвоија законот, 10 беа воздржани и никој не се изјасни против, што се гледа како знак на итност по двата терористички напада во Тунис во март и во јуни, во кои загинаа 59 луѓе.