Свет Балкан Парламентот на Турција ги одобри уставните измени

Парламентот на Турција ги одобри уставните измени

Турскиот парламент синоќа ги одобри уставните измени со кои на претседателот на државата му се овозможува да владее по пат на декерти и да биде член на политичка партија.

Усвоените амандмани, исто така, ја регулираат контролната улога на парламентот врз извршната власт, му овозможуваат на претседателот да биде член на политичка партија и да извршува функции во неа.

Уставните измени, кои се состојат од 18 амандмани, по одобрувањето треба да бидат изгласани од страна на парламентот, по што ќе бидат поставени на референдум, на кој граѓаните ќе се изјаснат за промените.