Свет Европа Парламентарни избори во Норвешка: Мртва трка меѓу конзервативците и лабуристите

Парламентарни избори во Норвешка: Мртва трка меѓу конзервативците и лабуристите

Во Норвешка денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои главна тема беа идните односи со Европската Унија и односот кон мигрантите и азилантите.

Според претходно спроведените анкети, ниту една партија нема да освои доволно гласови за да обезбеди мнозинство во парламентот, поради што постизборните преговори за коалициска влада се неизбежни.

На чело на досегашната влада беше Ерна Солберг од Конервативната партија, која беше во коалиција со Партијата за напредок, со поддршка од Христијанско-демократската партија и од либералите.

Главната опозициска Лабуристичка партија и досега имаше најмногу пратеници, но по овие избори ќе ѝ биде потребна поддршка од најмалку две партии за да формира мнозинство.

И конзервативците и лабуристите за време на изминатите месеци ја изгубија поддршката од гласачите.