Свет Европа Париз: Уапсени 10 лица за поддржување тероризам

Париз: Уапсени 10 лица за поддржување тероризам

Најмалку 10 лица синоќа се уапсени за време на антитерористичката акција на француската полиција во парискиот регион.

Како што јавуваат француските медиуми, повикувајќи се на судски извори, уапсените се поврзани со тројцата терористи кои минатата недела убија 17 лица. Тие се осомничени за давање „логистичка поддршка“ на терористите, како и нивно снабдување со оружје и обезбедување автомобили.