Свет Европа Париз бара увид во договорот меѓу Кери и Лавров за Сирија

Париз бара увид во договорот меѓу Кери и Лавров за Сирија

Францускиот министер за надворешни работи, Жан Марк Еро, изјави дека сака да има увид во текстот на договорот за прекин на огнот во Сирија, што го договорија САД и Русија.

Тој го побара документот за да се увери дека на терен нема да има недоразбирања кој е на мета.

– Ако постојат недоразбирања, тогаш постои и опасност дека на мета може да се најде и умерената опозицијата – изјави Еро.

Тој истакна дека во еден момент било побарано Франција да го поддржи овој договор, па затоа бараат увид во сите детали.

Франција, која е член на коалицијата што ја предводи САД во борбата против Исламска држава, е клучен сојузник на бунтовниците кои сакаат промена на претседателот Башар ал Асад и претходно изрази загриженост околу тоа како САД преговара со Русија.