Македонија Парадата на гордоста во Скопје ќе се одржи на 24 јуни

Парадата на гордоста во Скопје ќе се одржи на 24 јуни

Почетната точка на Парадата ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците

Овогодинешното издание на „Скопје Прајд“ под мотото „Гласни и горди“ ќе се одржи на 24 јуни, информираат од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Почетната точка на Парадата ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот, по кратките поздравни говори, ќе започне протестниот марш по скопските улици.

Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк, која ќе се одвива од 20:30 до 01:00 часот.