Галерија Папата Франциск пристигна на плоштадот Македонија

Папата Франциск пристигна на плоштадот Македонија

Папата Франциск, по свечениот прием во претседателската резиденција на Водно и средбата со државниот врв и по средбите со верските лидери од Македонија и со лица од загрозените групи во Спомен-куќата на Мајка Тереза, со папамобилот пристигна на плоштадот Македонија, каде беше срдечно пречекан од десетиците илјади луѓе кои го исчекуваа поглаварот на Kатоличката црква.

Во 11 часот почна свечената миса што ја одржува папата Франциск, во сослужување со кардинали и бискупи. Светиот обред ќе се служи на повеќе јазици, меѓу кои и македонскиот.

На мисата присуствува претседателот Ѓорге Иванов со сопругата, премиерот Зоран Заев со сопругата, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседатели на други политички партии и министри.