Свет Европа Паника во Варшава: Анонимни дојави за бомби во 11 министерства

Паника во Варшава: Анонимни дојави за бомби во 11 министерства

Полицијата и нејзините пиротехнички тимови денеска претресуваат згради на 11 министерства во Варшава поради анонимна дојава дека во нив се подметнати бомби.

– Единаесет институции добија анонимна дојава по електронска пошта. Пиротехничките служби ги прегледуваат зградите, а во овој момент нема потреба за евакуација – соопштија од главната команда на варшавската полиција.

Последните години зачестија ваквите дојави, кои досега се покажаа како лажни, не само во Варшава, туку и во поголемите градови во Полска. Последната бомбашка тревога во Варшава беше во јануари годинава, кога полицијата и пиротехничките служби мораа да прегледаат 50 згради на министерства, институции и неколку редакции на медиуми.