Технологија Гаџети Паметниот автомобил на „Гугл“ вреди милиони, а изгледа како играчка

Паметниот автомобил на „Гугл“ вреди милиони, а изгледа како играчка

На крајот на оваа година, „Гугл“ и официјално стана автобилска компанија, откако го претстави прототипот на својот прв автомобил кој нема да има потреба од возач.

За да го направат овој автомобил, им биле потребни десет години и милијарди потрошени години за да го соберат целото знаење и технологија што им овозможиле да го произведат.

Речиси е идентичен со моделот што го промовираа во мај, но сега има функционали делови како светло и изгледа доработен. Иако се работи за возило кое вреди милион долари, визуелно потсетува на детска играчка.

За овој впечаток придонесува и радарот кој е поставен на покривот на возилото кој изгледа како сирена, големите светла и црниот додаток на предниот дел поради кој изгледа како да има очи и нос.