Свет Палестинското знаме првпат во ОН

Палестинското знаме првпат во ОН

Знамето на Палестинците денеска првпат во историјата ќе биде подигнато во Обединетите нации. Според палестинскиот претседател Махмуд Абас, ова е знак на надеж, особено во период кога меѓу Палестинците се зголемува очајот поради тоа што сè уште немаат оформено независна држава.

Според најавите, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, и Махмуд Абас ќе претседаваат со 15-минутната церемонија, откако палестинскиот претседател ќе се обрати пред Генералното собрание.

Израел и САД се противат на подигнување на палестинско знаме, истакнувајќи дека симболичниот гест го поткопува мирот.