Свет Пакистан ја затвори границата со Авганистан

Пакистан ја затвори границата со Авганистан

Пакистанските власти денеска соопштија дека граничниот премин со Авганистан е четврти ден по ред затворен затоа што авганистанските демонстранти на тоа место запалиле знаме на Пакистан.

Неименуван пакистански претставник денеска изјави дека одлуката за повторно отворање на границата ќе биде донесена кога ќе се решат „одредени дипломатски прашања“ меѓу двете земји.

Локалните власти соопштија дека гувернерот на покраината Кандахар во петокот одлучи да ја затвори границата по протестот на авганистанската страна.

Авганистан и Пакистан не се сложуваат за бројни прашања и имаат затегнати односи, а Авганистан неколкупати го обвини Пакистан дека им дава прибежиште на талибанците.