Свет Европа Падна владата на португалскиот премиер Пасос Коелјо

Падна владата на португалскиот премиер Пасос Коелјо

Шест недели по изборот, падна малцинската влада на португалскиот премиер Педро Пасос Коелјо, откако синоќа ѝ беше изгласана недоверба.

Владата на Пасос Коелјо успеа да добие само 123 од вкупно 230 гласови на изјаснувањето за предлогот на Социјалистичката партија.

Социјалистите, марксистичкиот Лев блок, Комунистичката партија и зелените ѝ изгласаа недоверба на владата на десниот центар на Пасос Коелјо и на неговиот нов пакет економски мерки.