Свет Европа Озборн: Напуштањето на ЕУ ќе биде економски шок за Британија

Озборн: Напуштањето на ЕУ ќе биде економски шок за Британија

Велика Британија ќе доживее „длабок економски шок“ доколку избирачите одлучат да ја напуштат ЕУ, изјави денеска британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.

Министерот, кој се наоѓа во Кина на состанокот на групата 20 водечки светски економии, за „Би-би-си“ изјави дека неодамнешното слабеење на фунтата „потсетува дека ова не е некоја политичка салонска игра“.

Фунтата ја достигна најниската вредност во последните седум години, откако инвеститорите реагирале на неизвесноста во врска со референдумот кој ќе биде одржан на 23 јуни, на кој ќе се гласа за тоа дали Британија треба да остане во составот на ЕУ.

Озборн нагласи дека „напуштањето на ЕУ би претставувало голем економски шок за Велика Британија“.