Македонија ОУ „Лазо Ангеловски“ го освои првото место на натпревар за противпожарна заштита

ОУ „Лазо Ангеловски“ го освои првото место на натпревар за противпожарна заштита

Како победничка на Град Скопје, екипата на ова училиште ќе учествува на државниот противпожарен квиз-натпревар што ќе се одржи во декември во Кочани

Екипата на ОУ „Лазо Ангеловски“ го освои првото место во категоријата кадети на регионалниот квиз-натпревар за противпожарна заштита, кој се одржа на 19 ноември 2014 година во просториите на „Даре Џамбаз“.

Како победничка на ниво на Град Скопје, екипата на ова училиште ќе учествува на државниот противпожарен квиз-натпревар што ќе се одржи во декември, во Кочани, во организација на Противпожарниот сојуз на Македонија.

Претходно, екипата на ОУ „Лазо Ангеловски“ го освои првото место на традиционалниот 30. квиз-натпревар за противпожарна заштита во Општина Аеродром, за учениците од основните училишта на нејзината територија.
Противпожарните квиз-натпревари се организираат за да се подигне противпожарната култура и знаење кај младата популација, а преку нив непосредно да се влијае и врз возрасните.