Дописници ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп со ново централно греење

ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп со ново централно греење

Основното училиште „Кире Гаврилоски – Јане“, со почетокот на учебната сезона, ќе добие ново централно греење. Оваа инвестиција чини 150.000 евра, а средствата се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа.

Градоначалникот Марјан Ристески денеска беше во посета на ова училиште и во изјавата за медиумите посочи дека и понатаму ќе продолжи со подобрувањето на условите за образование во основните и во средните училишта во општина Прилеп.

Тој рече дека со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за одвивање на воспитно-образовната дејност во училиштето и дека со ова уште еднаш се покажуваат заложбите на локалната самоуправа за инвестирање во образованието како главен приоритет.