Македонија Отворени денови со катастарот во Скопје

Отворени денови со катастарот во Скопје

Агенцијата за катастар на недвижности ќе организира отворени денови за граѓаните од Скопје, почнувајќи од утре, па до 30 јануари, во периодот од 9 до 17 часот, во просториите на Центарот за катастар на недвижности.

Сите граѓаните кои имаат нејаснотии и прашања поврзани со катастарот, во наредните денови можат да дојдат и да се консултираат со стручните лица од Агенцијата за катастар и недвижности.

Граѓаните можат да закажуваат термини со стручните тимови секој работен ден од 9 до 16 часот, на телефоните 3097-300 и 3097-337.