Македонија Отворена телефонска линија за поддршка на родителите и старателите

Отворена телефонска линија за поддршка на родителите и старателите

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој, УНИЦЕФ ја пушти во употреба бесплатната телефонска линија за помош, поддршка и советување на родителите и старателите за подигање на децата во сигурна и грижлива семејна средина.

Телефонската линија за помош на родителите 075/230-530 ќе биде отворена секој ден од 15:00 до 20:00 часот, вклучувајќи ги и викендите.

Тим од седум стручно обучени лица ќе ги советуваат родителите и старателите за позитивно родителство и ќе им овозможат сеопфатно насочено советување и секојдневно следење на постигнатиот напредок. Советниците гарантираат анонимност и приватност на информациите добиени од родителите и старателите.

„Родителството не е секогаш лесно. Во ова време на неизвесност, родителството може да претставува предизвик. Затоа, одговорност на целото општество е да им помогне на родителите да се здобијат со самодоверба за да се справат со тешки ситуации и да им овозможи вештини и совети за подигање самоуверени, добри и успешни деца“, рече Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ.