Економија Отворена нова италијанска фабрика во ТИРЗ – Скопје

Отворена нова италијанска фабрика во ТИРЗ – Скопје

Италијанската фабрика за дигитална печатарска индустрија „Макдиа“ денеска свечено беше отворена и е седмата по ред компанија во Tехнолошко-индустриската развојна зона – Скопје.

Компанијата во Македонија инвестираше 10 милиони евра, а ќе вработи 200 луѓе.

Премиерот Никола Груевски, кој денеска присуствуваше на отворањето на новата фабрика, истакна дека бранот на инвестиции во Македонија продолжува, а технолошко-индустриските развојни зони се пример како од ништо може да се направат многу фабрики.

Тој истакна и дека преку „Макдиа“ директно ќе се зголеми и извозот, бидејќи оваа компанија ќе ги пласира своите производи во Источа Европа, Турција, Северна Африка и во земјите од Персиски Залив.