Свет Балкан Отворен преминот Батровци за автомобили и за автобуси

Отворен преминот Батровци за автомобили и за автобуси

Српскиот граничниот премин Батровци со Хрватска денеска е отворен во 16 часот за патнички возила и за автобуси во двете насоки, но и понатаму е запрен сообраќајот за товарни моторни возила, соопшти Автомото-сојузот на Србија.

Српската царинска управа соопшти дека денеска, поради блокада на преминот Батровци, сообраќајот на премините Сремска Рача и Мали Зворник е зголемен за повеќе од 50 отсто.

Како што се наведува, за последните 24 часа, преку преминот Сремска Рача од Србија излегле околу 350 камиони, што е за 110 повеќе, а влегле 230 камиони, што е за 14 повеќе. На преминот Мали Зворник, пак, минале 242 камиони со стока, што е за 136 повеќе од вообичаено.