Здравје Откриени уште 711 случаи на ковид-19, починаa уште 26 лица

Откриени уште 711 случаи на ковид-19, починаa уште 26 лица

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека во изминативе 24 часа во земјава биле направени 3.197 тестови, а откриени 711 нови случаи на ковид-19. Во истиот период, на болеста ѝ подлегнале 22 лица, а биле пријавени уште четири смртни случаи од претходно, со што билансот на починати порасна за нови 26 починати.

Од новите 711 случаи на ковид-19, огромен дел се од Скопје – 505, а потоа следуваат Кавадарци со 30, Струмица со 26, Куманово со еден случај помалку, и Охрид со 21.

Во вкупниот број на позитивни (711), регистрирани се 84 реинфекции, односно повторно заразени.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 22 починати лице: 10 починати лица од Скопје (49г, 52г, 59г, 62г, 67г, 68г, 70г, 71г, 85г и 87г), по 2 починати лица од Гевгелија (67г и 75г), Охрид (79г и 86г) и Струга (73г, и 74г) и по едно починато лице од Битола (84г), Делчево (75г), Кичево (86г), Кратово (29г), Неготино (56г) и Струмица (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште четири починати лица, од Кичево (2), Валандово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 56г до 81г. Пријавените лица се починати во домашни услови, во период од 26.01.2022 -27.01.2022г.

Од вкупниот број на починати лица), 14 лица се целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.

Во последниве 24 часа, како оздравени се регистрирани 7.170 пациенти.

Досега во земјава се направени вкупно 1.788.251 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а бројот на активни случаи изнесува 13.628.