Хроника Откриени пет куршуми во багажот на патник на скопскиот аеродром

Откриени пет куршуми во багажот на патник на скопскиот аеродром

Вчера, околу 18 часот, на граничниот премин на скопскиот аеродром „Александар Велики“, бил приведен 36-годишниот Ш.Т., откако во неговите патни торби биле пронајдени пет куршуми од пиштол, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, осомничениот патувал со австриски пасош, а куршумите за гасен пиштол биле откриени при рентген-контрола на неговите патни торби.

Тој бил приведен во просториите на граничниот премин, а во 19.40 часот бил предаден на полициски службеници од полициската станица Петровец за понатамошна постапка.