Хроника Откриени криминални групи кои пустошеле шуми на Плачковица

Откриени криминални групи кои пустошеле шуми на Плачковица

Секторот за внатрешни работи Штип, по интензивна истрага за спречување бесправна сеча и трговија со огревно дрво, открила повеќе криминални групи и поединци кои подолго време вршеле нелегална сеча на дрва и пустошеле шуми на неколку места на планината Плачковица, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според полициските информации, станува збор за осум приведени лица, против кои, по документирање и по комплетирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави. Во рамките на полициските активности биле запленети и шест возила и предмети со кои се вршел транспортот на дрвата, а биле запленети и околу 25 кубни метри нелегално исечени дрва.

Како што информираат од МВР, осомничените ги транспортирале и ги продавале нелегално исечените дрва на граѓани на подрачјето на Штип и на Карбинци по цена од 1.500 до 2.500 денари за еден кубен метар во зависност од далечината на испораката.

Од МВР додаваат дека СВР Штип и понатаму ќе продолжи со зајакнати контроли и со мерки за спречување на нелегалната сеча и транспорт на дрва.