Македонија Откриени 87 нови случаи на ковид-19, бројот на починати зголемен за тројца

Откриени 87 нови случаи на ковид-19, бројот на починати зголемен за тројца

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.384 тестови, а се откриени 87 нови случаи на ковид-19: Скопје – 54, Охрид – 9, Битола – 8, Прилеп и Берово – по 3, Велес, Штип и Кочани – по 2, Тетово, Кавадарци, Гостивар и Неготино – по 1.

Од вкупниот број позитивни (87), регистрирани се 10 реинфекции.

Во истиот временски период е регистриран 141 оздравен пациент, но не се пријавени починати пациенти, Но, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани 3 починати лица од: Скопје (2) и Охрид (1), на возраст од 64 до 74 години. Две лица се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 08.05. до 28.05.2022 година.

Досега во земјава се направени вкупно 2.056.061 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на откриени случаи изнесува 312.022, бројот на оздравени пациенти е 302.202, на починати е 9.306, а бројот на активни случаи изнесува 514.