Свет Балкан Откриени 50 илегални мигранти во Хрватска

Откриени 50 илегални мигранти во Хрватска

Околу 50 лица, за кои се претпоставува дека се мигранти, се откриени при редовна контрола на товарно возило со странски регистарски таблици во околина на градот Новска, во близина на границата со БИХ, соопшти хрватската полиција.

Полицијата соопшти дека некои од луѓето биле во многу тешка здравствена состојба, поради што веднаш била повикана итна медицинска помош и сите кои имале потреба се хоспитализирани.

Мигрантите најверојатно се државјани на арапските земји, а полицијата веќе почнала да ги сослушува возачот и патниците, за кои се претпоставува дека нелегално ја преминале границата.