Свет Откриени 40 тела од патници на „Ер Азија“

Откриени 40 тела од патници на „Ер Азија“

Спасувачките пронашле 40 тела во Јаванското Море за време на потрагата по авионот на „Ер Азија“, што во неделата исчезна со 162 патници, соопшти индонезиската морнарица.

Како што јавуваат локалните медиуми, утре на местото на несреќата, со специјален авион, ќе бидат пренесени родинините и најблиските на загинатите патници од авионот, а според информацијата на „Ер Азија“, со авионот ќе бидат пренесени и новинари кои ќе ја покриваат спасувачката операција.