Здравје Откриени 310 нови случаи на ковид-19, од нив 49 се случаи на...

Откриени 310 нови случаи на ковид-19, од нив 49 се случаи на повторно заразување

Photo by Polina Tankilevitch from Pexels

Најновите податоци од Институтот за јавно здравје за последните 24 часа говорат за 310 новооткриени случаи на ковид-19 во земјава. Тие се регистрирани од направени вкупно 2.609 тестови.

Речиси две третини од новиот случаи се од Скопје, односно 199 случаи, а втор град по бројност е Битола, со безмалку 11 пати помалку случаи, односно 19. Другите градови, односно Центри за јавно здравје регистрирале уште пониски бројки.

Во последните 24 часа, регистрирани сe 284 оздравени пациенти од: Скопје – 144, Прилеп – 18, Битола – 17, Кавадарци – 15, Охрид и Велес – по 10, Куманово и Ресен – по 9, Гевгелија и Радовиш – по 7, Струмица – 5, Штип ,Гостивар, Кичево, Валандово и Струга – по 4, Тетово и Виница – по 3, Кочани ,Неготино и Свети Николе – по 2, Крива Паланка – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице, од Скопје, на 77 годишна возраст. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Богданци (87г) и Кочани (45г). Пријавените лица се починати во период од 17.03. до 19.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.

Од вкупниот број на починати, кај сите се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.941.593 тестирања за ковид-19, а вкупната бројка на откриени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 303.728: Бројот на оздравени пациенти е 292.628, на починати е 9.187, а бројот на активни случаи изнесува 1.913.