Хроника Откриени 19 илегални мигранти

Откриени 19 илегални мигранти

Полициски екипи вчера, при контрола на возила, во два одделни случаи откриле вкупно 19 илегални мигранти, информираат од МВР.

Во едниот случај, екипа од полициската станица за граничен надзор Михајлово, синоќа, околу 20.30 часот, на патот Неготино – Градско, запрела камион „ивеко“ со полуприколка, што го управувал Е.Б. (37) од Прилеп, а во кое биле затекнати девет илегални мигранти од Сирија и од Ирак.

Истиот ден, кај местото Горна Капија, на патот меѓу селата Слупчане и Ваксинце, полициска екипа извршила контрола на две возила што ги управувале двајца малолетници, Л.Р. (17) и М.И. (17) од Ваксинце. Во едниот автомобил, марка „опел астра“, полицајците откриле седуммина илегални мигранти, со потекло од Авганистан, а во другото, марка „фиат браво“, се превезувале тројца авганистански државјани.

Од МВР, информираат дека во двата случаи, лицата се приведени во надлежните полициски станици и по документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.