Здравје Откриени 163 нови случаи на ковид-19, од нив 24 се реинфекции

Откриени 163 нови случаи на ковид-19, од нив 24 се реинфекции

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство соопшти дека во земјава во последните 24 часа се направени 2.020 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19: Скопје – 102, Битола – 18, Куманово – 8, Прилеп и Ресен – по 5, Кавадарци, Велес и Кичево – по 3, Тетово, Охрид, Струмица, Гевгелија и Делчево – по 2, Гостивар, Радовиш, Валандово, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.

Кај вкупниот број позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции.

Регистрирани сe 259 оздравени пациенти, а, соогласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, со задоцнување се пријавени 4 починати лица од: Скопје (1), Тетово (1), Охрид (1) и Струмица (1), на возраст од 64 години до 83 години. Пријавените лица се починати во период од 02.03.2022 до 21.03.2022 гоидна. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Од вкупниот број починати лица (4), кај 3 починати лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.978.825 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на утврдени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 307.507, бројот на оздравени пациенти е 296.833, на починати е 9.240, а бројот на активни случаи изнесува 1.434.