Македонија Откриени 135 нови случаи на ковид-19

Откриени 135 нови случаи на ковид-19

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Според Министерството за здравство, во последниве 24 часа во земјава биле направени 1.661 тестови за ковид-19, со што биле откриени 135 нови случаи. Од вкупниот број позитивни (135), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 85 оздравени пациенти, а во последниве 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза „ковид-19“ од „Мој Термин“ дополнително регистрирано е едно починато лице од Охрид (7 8.г), починато во болнички услови завчера.

Досега во земјава се направени вкупно 2.025.083 тестирања за ковид-19, а вкупната бројка на случаи изнесува 309.925. Бројката на оздравени пациенти е 300.021, на починати е 9.283, а бројот на активни случаи изнесува 621.