Македонија Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф

Фото: De an Sun наUnsplash

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник, осомничен за кражба на сеф во Црниче.

Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или се во вкупна вредност од 285.000 денари.

Со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на алат делувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат.

Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел, кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа со останатите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот.

Преку направениот отвор осомничените влегле во просторијата наменета за вработени, од каде го одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец.

Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот, a полицијата работи на откривање на неговите соучесници.