Свет Балкан Отингер: Турција нема да влезе во ЕУ сè додека е Ердоган на...

Отингер: Турција нема да влезе во ЕУ сè додека е Ердоган на власт

Турција веројатно нема да стане дел од Европската Унија сè додека Реџеп Таип Ердоган е претседател на земјата, оцени денеска германскиот еврокомесар Гинтер Отингер за весникот „Билд“.

– Идејата претежно муслиманската Турција да стане членка на ЕУ вознемирува многу од земјите, а односите се влошија откако се случи обидот за преврат во јули. Тоа прашање веројатно ќе го чека периодот по Ердоган. Со оглед на сегашните услови, пристапот не е реален до крајот на следната деценија – нагласи Отингер.

Турција минатата година ги обнови преговорите за влез во ЕУ, откако се потпиша договорот меѓу Анкара и Брисел за сопирање на бранот бегалци. За возврат, Турција требаше да добие визна либерализација и забрзување на евроинтеграциите. Сепак, засега напредокот е слаб.