Хроника Осумдесетгодишен штипјанец загина во пожар

Осумдесетгодишен штипјанец загина во пожар

Во пожар  што денеска попладне избувна во викенд-населбата Суитлак во Штип, животот го загуби  80-годишен маж.

Починатиот  бил инвалид, речиси неподвижен, и живеeл со својата ќерка.   Според  командирот на штипската противпожарна бригада, Кирчо Патраклиев, пожарот се проширил многу брзо и неговите екипи не успеале да го спасат човекот.

Пожарот избувал во трошна куќарка со нестандардна градба, што веројатно придонело огнот брзо да се прошири.

Засега не се познати причините за пожарот.