Хроника Осумдесет и четиригодишен скопјанец ги застрелал сопругата, ќерката и внукот

Осумдесет и четиригодишен скопјанец ги застрелал сопругата, ќерката и внукот

Осумдесет и четиригодишен скопјанец попладнево, околу 13 часот, пукал во својот дом и ги застрелал сопругата, нивната ќерка и внукот, а потоа се самоубил, јавува „Телма“.

Полицијата го потврдила инцидентот, кој се случил на улицата Хо Ши Мин, во општина Бутел. Застреланиот внук, кој бил на 32-годишна возраст, според првичните информации, им подлегнал на повредите на самото место, а сопругата на скопјанецот и нивната 58-годишна ќерка во критична состојба биле префрлени во Ургентниот центар.

Во тек е увидот на надлежните служби на местото на убиството.