Хроника Осуденик депортиран од Холандија во Македонија

Осуденик депортиран од Холандија во Македонија

Скопјанец кој се барал за издржување затворска казна, вчера на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“ бил депортиран од Холандија во земјава, информираат од МВР.

Како што информираат оттаму, станува збор за Игор Ш. (33), кој се барал за издржување затворска казна од три години и шест месеци за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и за напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста.