Подглавна секција Oстин: Никој нема капацитет да ја „сврти“ војната во корист на Киев

Oстин: Никој нема капацитет да ја „сврти“ војната во корист на Киев

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, ја отфрли идејата дека дозволувањето длабоки напади во Русија „ќе ја промени играта“, потенцирајќи дека Вашингтон и неговите сојузници ќе продолжат силно да ја поддржуваат Украина

Фото: Дел од 47 механизирана бригада на Украина/militaryland.net

Соединетите Американски Држави предупредија дека никој нема капацитет да ја претвори војната во Украина во корист на Киев, откако претседателот Володимир Зеленски го повика Западот да дозволи неговите сили да користат оружје со долг дострел за напад на Русија, пренесе „Гардијан“.

На самитот на украинските сојузници во воздухопловната база Рамштајн во Германија, Зеленски вчера го повтори неговото барање за западните нации да достават повеќе ракети со долг дострел и да ги укинат ограничувањата за нивно користење за да погодат цели како што се аеродромите во Русија.

Сепак, американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, ја отфрли идејата дека дозволувањето длабоки напади во Русија „ќе ја промени играта“, истовремено велејќи дека Вашингтон и неговите сојузници ќе продолжат силно да ја поддржуваат Украина.

Остин кажа дека Русија веќе преместила авиони кои лансираат бомби во Украина надвор од дострелот на ракетите Атацм испорачани од САД.